info@archome.mk
071 276 900

ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ ДОМ ВО НОВА СТАНБЕНА ЗГРАДА

ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ ДОМ ВО НОВА СТАНБЕНА ЗГРАДА

1. градба

Доколку сте се одлучиле за нов дом, а притоа сте решиле тоа да биде стан, најверојатно ќе се појави дилемата околу тоа дали да дадете предност на оние стари станбени објекти или пак да изберете стан од нови, современи станбени згради. Но како годините изминале, така и индустријата напреднала, а со тоа и самите материјали. Можеби цврстината на старите станбени објекти ветува, но стара инсталација, старите лифтови и  речиси без изолација се доволни параметри да размислувате за нов стан, во нова станбена зграда со најсовремени материјали.

2. Материјали

Најчесто луѓето, водејќи се по семејниот буџет и општествените политики, се во искушение да изберат стан од втора рака, или да купат стан по најефтина квадратура, а притоа да забораваат дека допрва ги очекува комплетно реновирање и поставување на нова инсталација. Освен тоа, забораваат и на трошоците за електрична енергија, кои несомнено ќе бидат големи поради слабата изолација на старите згради, или ако материјалите се од пониска класа.

3. Изолација

Сите знаеме дека метежот и џагорот од улиците се неизбежен дел од градското подрачје, па затоа внимателно треба да се одбере место на живеење. Нашиот дом е наше прибежиште, па така домот треба да биде синоним за спокој и мир. Старите згради, со сигурност, не го ветуваат тоа, поради материјалите, кои  веќе одамна заминале во минатото. Додека пак современите станбени објекти се со комбинација на материјали, кои освен што овозможуваат совршена изолација меѓу катовите, успешно се борат и со надворешната врева. Исто така, многу е важен и моментот на водата, која во никој случај не би требало да се слуша од катот над вас, што не ретко е случај во станбените објекти кои биле изградени одамна, или во оние кои штеделе на материјали (цена на квадрат е најдобар показател). Затоа, изолацијата е современ метод, вграден во станбениот комплекс ArcHome .

4. Внатрешно уредување

Кога веќе сте се одлучиле за купување на нов дом, а притоа сте избрале да биде стан од стар станбен објект, си осигурувате дополнителни трошоци од самиот почеток. Бојата на вратите и квалитетот се одамна изберени и поставени, а истото се однесува и на подот. Мислејќи и за тој дел од Вашиот дом, ние се погриживме да Ви оставиме можност сами да си ја остварите визијата. Ќе ви помогнеме така што ќе можете сами да ја изберете бојата на вратите и ламинатот. Дополнително Ви следуваат и ваучери за квалитетна санитарија која ќе биде вградена во Вашиот дом.

5. Локација

Со сигурност локацијата на станбениот момент е од пресудно значење. Таа ќе се одрази на квалитетот на Вашиот живот, а и на буџетот истовремено. Кога зборуваме за квалитетен и олеснат живот, сите посакуваме локација која ќе биде во непосредна близина на зеленило, каде нашите деца ќе можат да се играат безбедно, каде супермаркетите и училиштата ни се најблиску што можат да бидат.. Исто така, како еден од поголемите проблеми е паркиногот, кој не секоја зграда го обезбедила, па така секој ден враќајки се од работа сме на мисла дали ќе најдеме слободно место за нашиот автомобил. Затоа ние најдовме перфектна солуција – локација во близина на кеј,  супермаркет и ланџ бар како составен дел на објектот, непосредна близина на училишта, градинки и здраствена установа, и најважно – сопствен паркинг (внатрешен и надворешен). Затоа изборот е важен!