ЗОШТО ARCHOME ДА БИДЕ ВАШИОТ ИЗБОР ЗА НОВ ДОМ?
Изборот на дом е една од најважните одлуки која го дефинира вашиот иден живот. Местоположбата и економичноста на вашиот семеен буџет се нашите приоритетни точки на кои посветивме многу внимание и труд.
Тимот на Archome се погрижи да избере локација која ќе биде одличен спој на урбанизмот и мирот, а истовремено да Ви бидат достапни сите важни инфраструктурни објекти. Основни и средни училишта, градинки, супермаркет, блиска здравствена установа и бензинска пумпа се само дел од објектите кои ќе направат Вашето секојдневие да биде едноставно и лесно. Станбено – деловниот комплекс Аrchome, се наоѓа на една од најатрактивните локации во Куманово, на Бул 3-та МУБ до бензинската пумпа на Мак Петрол.
Освен локацијата која несомнено важна, Archome Ви обезбедува софистицирано место за живеење затоа што спектарот на материјалите, кој е вграден, е со апсолутен квалитет и гаранција.
Како изборот на вградените материјали влијае на вашиот буџет?!
Високите сметки за електрична енергија се нешто кое го дефинира, истовремено и стеснува вашиот буџет. Но, тимот на Archome се погрижи и за тоа. Високо квалитетните материјали, голема топлотна изолација- фасаден стиропор со дебелина 12 см,освен ефект на термоизолација, овозможува и звучна изолација со што се подобрува квалитетот на самиот живот и со сигурност ќе доведат до тоа Вашиот дом да биде топол во најстудените денови и освежен во летните.
Мулти сплит системот ќе Ви дозволи дури и преку Wi-Fi да ја контролирате собната температура, а изолацијата ќе придонесе температура да се задржи уште долго време откако ќе биде исклучена. Затоа изборот на материјали е една од најважните одлуки кои ја донесовме за Вас и вашиот семеен буџет.