info@archome.mk
071 276 900

ЗОШТО ИЗБОРОТ НА САНИТАРИЈА Е ТОЛКУ ВАЖЕН?!

ЗОШТО ИЗБОРОТ НА САНИТАРИЈА Е ТОЛКУ ВАЖЕН?!

Една од најважните простории во нашиот дом е бањата, затоа е исто толку важно да се обрне внимание на неколку детали, кои ќе ја направат бањата да биде спој од елегантно, чисто и практично…
Уште во изградба на станот или куќата во кои што ќе живеете, се предодредува тоа дали бањата ќе биде лесна за чистење и одржување.

1. Санитарија од прва класа со специјален премаз!

Доколку сопствениците на зградите, од кои имате купено стан, изберат санитарија од прва класа, со карактеристичен Keratech премаз, можете да бидете сигурни дека сте го направиле правилниот избор, затоа што премазот овозможува лесно одржување и уште полесно чистење на санитаријата. Од самиот почеток Вие заштедувате време и пари, како за чистење, така и за долгогодишно користење на веќе поставената санитарија. Tимот на ArcHome се одлучи за првокласниот Geberit кој со сигурност е на водечка позиција со својата санитарија, својата уградна технологија и сите производи насочени кон заштеда на вода, нови логистички решенија, како и самото енергетски ефикасно производство на истите.

2. RIMLESS!

Уште еден важен момент при избор на санитарија, а по конкретно при изборот на WC школката, е тоа самата школка да биде современа, но и практична истовремено. Затоа како најдобро можно решение се јавуваат школките кои се дизајнирани да бидат без раб, за да може санитарната керамика поедноставно да се исчисти. Кога нема внатрешни ивици – нема ни скриени места за задржување на бактериите. Едноставноста е предуслов за лесно одржување, но и за елеганција во нашите бањи. Затоа, во становите на ArcHome ќе биде поставена rimfree, односно rimless wc школка, за да Ви го олесниме самото чистење, а истовремено сето тоа да биде спој на убаво и практично.

3. Едноставно и елегантно планирање на бањата!

Колку што е важна санитаријата, исто толку е важен и начинот на распоредување на истата. Па така, доколку самата просторија дозволува, аглите треба да бидат сведени на минимум. Ова само по себе означува брзо, едноставно и ефикасно чистење. Што се однесува до растојанието меѓу подот и WC школката, се препорачува тоа да биде 15 цм, како идеално растојание за лесно одржување.
Самата бања, но и гостинскиот тоалет во ArcHome, се совршено испланирани да Ви овозможат правилен распоред на санитарија, доволно простор, како и лесно одржување на истиот. Ние мислиме на секој детал, затоа изборот е важен!

Производите на Geberit се изложени во салонот на дбд комерц и се достапни на лагер!