Со купување на стан во изградба во Куманово, цената на квадрат е значително помала, за разлика од становите кои се спремни за вселување. Исто така, цената е и во директна зависност од начинот на плаќање, што Ви носи и дополнителни предности.
ВАША ЗАМИСЛА – РЕАЛНОСТ
Една од најголемите предности во купување на стан во изградба е тоа што Вашата замисла лесно може да биде реалност. Па така изборот на врати, под, санитарија и плочки е тотално препуштен на Вашата имагинација и желба. Исто така, бесплатна консултација со архитект за манипулирање на внатрешниот простор е една од предностите на купување стан во изградба.
ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ДАНОК
Со купување на стан од физичко лице или т.н. половен стан, Вие си обезбедувате дополнителни трошоци на самиот почеток. Освен трошоци за реновирање, се обврзувате и со даночни трошоци. Затоа купување стан од инвеститор, односно првичниот промет на недвижноста, Ве ослободува од даночните трошоци.
МОЖНОСТ ЗА ЗАРАБОТКА
Цените на станови во Куманово, пред извесен период достигнуваа висина од 500 до 600 ЕУР по квадрат. Но со сите економски случувања цените значително се зголемени, а со сите економски прогнози цените допрва ќе растат. Од 1 јануари 2022 година се очекува зголемување на цените на бетон, железо, логистика и работна рака, што директно ќе влијае врз цената на становите. Затоа вложување во недвижност сега, може подоцна да Ви донесе заработувачка . Побарувачка на станови е се поголема, затоа вложувајте паметно! Вложете во квалитет, вложете во ArcHome.
Доколку сакате да дознаете повеќе за становите во ArcHome или имате дополнителни прашања, ќе ви одговориме со задоволство! Контакт тел ➾ 070 286 430 ➾ 071 276 900