Инвеститор
Уноградба е градежна компанија чија дејност е изградба на станбени и нестанбени објекти, која има за цел да изгради свој препознатлив бренд, инспириран од најсовремени светски трендови во архитектурата и градежништвото.
Она на кое посебно се обрнува внимание, се градежните материјали и најсовремените технологии, како предуслов за висока професионалност и квалитет.
Kако една од клучните одлуки се компаниите со кои соработува Уноградба па затоа се изберени врвни и професионални тимови на луѓе кои ќе го софистицираат и олеснат начинот на живеење во ArcHome.
Doca, Geberit, Kale Italia, Paini, Maxima се дел од светски ренoмирани брендови кои ќе бидат вградени во Archome.
За модерната архитектура и комфорно домување се погрижи проектантската куќа Стан Арт, додека како главни изведувачи и добавувачи ќе се јават DBD и Albekat, кои со својата врвна и високо квалитетна услуга се најдобри во својата област!
Затоа, секоја замисла за топол и семеен дом, несомнено е преточена во станбениот објект ArcHome.
Изборот е важен!
Метри Квадратни
Паркинг Места
Станови
Влезови
Doka Systems, Austria - синоним за квалитет !
Дока е светски лидер во обезбедување иновативни кофражни решенија и услуги во сите области на градежништво. Самата по себе е глобален снабдувач на осмислени решенија за скеле за разновиден спектар на апликации.
Меѓународната компанија ДОКА со повеќе од 150 години искуство во надоградба на оплатни системи ја обезбедува најновата технологија со висок стандард за квалитет и практичност. Користењето на ДОКА системите при реализацијата на изградбата овозможува достигнување на врвен квалитет, истовремено и долготрајни решенија.
ФАСАДА
Максима фасаден систем е систем со стиропор (EPS-експандиран полистирен) и квалитетен лепак изработен од хидраулични и синтетички врзувачи. Фасадниот систем е со додаток на специјални адитиви и декоративен малтер на база на акрилат, со додаток на силикон што обезбедува одлична водоотпорност, а истовремено ја унапредува отпорноста на валкање и спречува формирањето на мувла и алги.
MAXITHERM фасаден стиропор со дебелина 12 см, освен ефект на термоизолација овозможува и звучна изолација со што се подобрува квалитетот на самиот живот. Наменет е за инсталација на системи за топлинска и звучна изолација, со гаранција на фасадаен систем и енергетски пасош со 15 години гаранција.
ВИСОКО КВАЛИТЕТЕН ПОД
Како една од клучни точки, на која исто така посветивме многу внимание, е изборот на квалитетен под за Вашиот дом. Совршениот спој на трајност и отпорност на гребнатини, се должи на особено тврдата квалитетна завршна површина.
Тешкиот мебел воопшто нема да претставува проблем, затоа што не го оштетува подот со гребнатини и вдлабнатини. Исто така, подот е отпорен на пламен и топлина, но и на УВ зраци кои би довеле до бледнеење на подот.
Инсталацијата на подот е брза и лесна благодарение на TwinClic и 1 click 2 go системи.
ВРАТИ
Што се однесува до изборот на внатрешните врати, квалитетот, но и естетиката се наши приоритети. Затоа избравме внатрешни врати од програмата CPL – ламинирани масив Модел Т2, кои се со CPL ламинат максимална заштита, масивна каса изработена од 40мм МДФ и масивно крило со 3D панели.Оковот на вратите е италијански AGB оков со гаранција 2 години.
Додека пак, надворешните врати се блиндер врати со сигурносна брава на повеќе места за клучење и дополнителна брава. Цилиндарот на бравата е AGB цилиндар.
Максимална предност од изборот на овие врати се звучната изолација на врата 27db и топлотна изолација на врата U = 0.995 W/m2K. Сепак една од најважните карактеристики се и регулаторните шарки во три насоки, електростатично покриен челичен лим и гаранција од 5 години.
ЅИДОВИ
Одлична акустична и термичка изолација се најважните карактеристики кои ги отсликуваат вградните ѕидови во нашиот станбено – деловен комплекс. Малтерисувањето и бојадисување на внатрешни ѕидови е во исклучиво бела боја.
ПВЦ ПРОЗОРЦИ
ПВЦ прозорци од cветски бренд Trocal Germany, се прозорци кои внимателно беа одберени. Самите се изработени од шесткоморни профили, кои влијаат извонредно врз топлинската и звучна изолација, со оков на ActicPilot (Germany).
ВГРАДНИ ЕЛЕМЕНТИ
Geberit – Моќна технологија во ѕидот!
Вградните елементи во тоалетите се суштински момент кој бара огромно внимание и посветеност. Ние се погриживме да ги избереме најдобрите во таа област – Geberit. Секој дел од нивната палета на производи е со врвен квалитет и гаранција. Секое од нивните казанчиња е тестирано за непропустливост, со 10 години гаранција и повеќе од 15 години постојаност на македонскиот пазар.
Што се однесува до првото Geberit казанче, тоа е произведено 1964 година, сеуште е во функција и неговите резервни делови се достапни сега, а и во наредните 50 години.
САНИТАРИЈА
Санитаријата која е вклучена во толетите е Geberit санитарија, премачкана со KeraTect специјален премаз, кој со сигурност гарантира многугодишна заштита на керамичките површини. Што се однесува до KeraTect, тоа е специјална глазура која се добива со печење. Таа има непорозна, исклучително мазна и пред се антибактериска површина која едноставно се чисти и одржува.
Висечкиот мебел за бања е МДФ (медијапан) со ПВЦ фолија, заштитен со повеќе слоеви на висококвалитетна полиуретенска боја која дава сјај, а туш кабината е со 8мм калено стакло.
ПЛОЧКИ
Изборот на плочки со сигурност е од прва класа.
БАТЕРИИ
Paini Italy – Гаранција 5 години.
КЛИМА
Системот на греење и ладење е најважниот вграден елемент кој обезбедува постојана, истовремено и економична топлина и свежина во Вашиот дом. Затоа се погриживме да го избереме вистинското решение.
Избравме Multi Split систем клима уреди, кои можат да загреат или да оладат повеќе простории, користејќи само една надворешна единица поврзана со повеќе внатрешни единици.
Вие можете индивидуално да ја контролирате климатизацијата во секоја просторија преку WI-Fi, било од дома или работа, да си обезбедите комплетна удобност и помала потрошувачка на енергија.
НАШИОТ ТИМ ЗА ПРОДАЖБА
Секогаш на ваше располагање!
ПРОДАЖЕН АГЕНТ
Телефон: 071 276 900 Емаил: info@archome.mk
САКАТЕ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ?
Доколку сакате да дознаете повеќе за становите во ArcHome или имате дополнителни прашања, ќе ви одговориме со задоволство!