info@archome.mk
071 276 900

Совршено место на живеење за Вашите деца !

Совршено место на живеење за Вашите деца !

Доколку ја донесувате една од најважните одлуки во Вашиот живот врзана со станбеното прашање, со сигурност Ви се одзема доволно време и внимание. Сепак тоа е прашање кое ќе го детерминира Вашиот понатамошен живот и квалитетот на истиот. Доколку пак, одлуката ја базирате врз потребите на Вашите деца, изборот со сигурност станува се потесен. Затоа тимот на ArcHome, после извесно време спроведено во анализи и истражувања, се потруди токму тие параметри за детска целна група, да бидат исполнети на највисоко ниво..

Близина на основни и средни училишта
Локацијата е можеби една пресудните точки, затоа ние избравме локација која ќе биде во непосредна близина на повеќе градинки, основни училишта – СОУ“Крсте Мисирков“, СОУ “Браќа Миладиновци“, СОУ “Кочо Рацин“, а истовремено во близина и на Економското средно училиште и Гимназијата “Гоце Делчев“. Во самиот комплекс ќе се наоѓа и супермаркет, со достапност на сите потреби за Вас и вашите деца. Со самата близина на овие важни објекти, Вашиот живот од старт станува полесен, но и поекономичен!

Близина на спортски терени и игралишта
Еден од најважните сегменти во нашиот живот за правилен развој, е спроведен преку спортување, особено кога се работи за деца и нивен правилен раст и развој. Затоа ние се погриживме да сте во близина на спортски терени, детски игралишта на самиот градски кеј и спортската сала на Куманово. Исто така предвидени се и нови современи игралишта и терени кои ќе бидат во склоп на самиот комплекс..

Материјали
Материјалите кои ќе бидат вградени во самиот комплекс, се врвни сами по себе, високо квалитетни и со еко моменти. Едноставен пример за ова е звучната изолацијата на становите (цигла наместо гипс картон), која ќе биде на највисоко можно ниво, зачувувајќи го вашиот мир и тишина, а на децата ќе им биде обезбедено непречено и мирно место за исполнување на своите школски обврски. Поради изборот на материјалите кој го направивме, заклучивме дека тие не само што ќе влијаат на вашиот живот, туку и на вашиот буџет, кој ќе и биде благодарен на надворешната изолација, за ниските месечни расходи.
Затоа изборот е важен!

AUTHOR - ЛАУРА ЖИВИЌ