info@archome.mk
071 276 900

ПРАШАЊА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСТАВИТЕ КОГА КУПУВАТЕ НОВ СТАН!

ПРАШАЊА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСТАВИТЕ КОГА КУПУВАТЕ НОВ СТАН!

1. Дали преградувањето на становите е со гипс картон или блок цигла?

Ова можеби е едно од најважните прашања кое треба да го поставите доколку купувате стан, а особено доколку пред тоа сте живееле во куќа, и сакате да ја задржите приватноста за себе. Гипс картонот не ветува апсолутно никаква приватност, поради слабоста на материјалот, звучните бранови многу лесно допираат до другата просторија.
Исто така практично е неизводливо да се закачат и тешки висечки елементи на истиот. Затоа тука треба да бидете многу внимателни!

ArcHome ќе вгради блок цигли за да обезбеди мирно и спокојно домување.

2. Дали цевките кои се користат за канализација се бесшумни?

Ова прашање ретко кој се досетува да го постави, поради не доволна информираност, а е од особено значење. Бесшумната канализација обезбедува безвучен тек, не дозволувајќи станарите да бидат вознемирени од звукот кој се создава при користење на истата.

Archome ќе ја искористи најдобрата бесшумна технологија на Geberit.

3. Дали термоизолација е на задоволително ниво?

Ова прашања е исто така од пресудно значење, поради директна поврзаност со Вашиот буџет. Колку поголема изолација, толку подобра задржливост на топлина и свежина во Вашиот дом, што пак директно влијае на Вашите месечни расходи, кои ќе бидат сведени на минимум.

Ние ја избравме најдобрата силиконска фасада со 12 цм стиропор од Maxima.

4. Дали имаме можност да си избереме санитарија по сопствен избор?

И ова прашање е од голема значајност, поради големото значење на бањите, кои секојдневно ги користиме. Изборот на санитарија ќе го одреди квалитетот на истата, а за која е важно да има трајност и гаранција издржани со години. Најчесто власнисците на зградите,  за да ја намалат цената на становите и со тоа да придобијат купувачи, избираат многу евтини материјали, без можност за Ваш избор, а потоа за брзо време Вие веќе имате потреба од нова санитарија, со што си обезбедувате нови, a не толку мали трошоци.

Во салонот на ДБД Комерц кој се јавува како инвеститор на нашиот објект, ќе имате можност да си изберете санитарија и плочки по ваш избор и тоа од најдобрите светски познати брендови, Geberit и Kale.

5. Дали подот и плочките кои ќе бидат вградени се од прва класа?

Да, ова прашање е исто толку важно како и претходните, затоа што станот што го избирате е место кое ќе поминете голем дел од Вашиот ден, заедно со вашите најмили. Подот и плочките со сигурност треба да бидат од прва класа, за да обезбедат долгогодишно и квалитетно користење на истите.

На нашиот објект ние се одлучивме за прва класа плочки и високо квалитетен под.

6. Дали имате сопствени паркинг места?

Доколку сакате сопствено паркинг место, непречено користење и заштита на вашиот автомобил, ова прашање е задолжително ако сакате да Ви биде обезбедено истото.

7. каков е начинот на греење?

Ова прашање е важно не само од економична гледна точка, туку и од практична. Централното греење не дозволува индивидуално контролирање, додека зградите со мулти сплит системи или гас, освен што се практични и контролирачки преку WI-FI, истите се и многу економични начини на загревање.

 

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВИСТИНСКОТО МЕСТО ЗА ВАШИОТ НОВ ДОМ, ИЗБОРОТ Е ВАЖЕН!

AUTHOR - ЛАУРА ЖИВИЌ