info@archome.mk
071 276 900

Како комплексот ArcHome ќе ја исполни Вашата замисла за идеален дом?!

Како комплексот ArcHome ќе ја исполни Вашата замисла за идеален дом?!

Зграда во Куманово - ARCHome
Зграда во Куманово - ARCHome
Зграда во Куманово - ARCHome

Сите ние понекогаш размислуваме, воедно и замислуваме совршен дом за нас и нашето семејство. 

Најчесто нашата замисла знае да одлета далеку од реалните можности, залутана некаде меѓу високи очекувања и нереални цели.

Очекувањата ги сведуваме на тоа домот да биде далеку од метежот и бучавата на градот, во близина на зеленило и свеж воздух, а сепак да е блиску до сите важни инфраструктурни објекти.

Кога пак станува збор за самиот дом, најверојатно посакуваме најквалитетни вградени материјали, по можност да бидат и еко, врвна изолација, а последователно на тоа и ниски месечни трошоци.

Што се однесува до внатрешниот распоред, практичноста сепак доаѓа на прво место, заедно со правилноста на распоредот. И сето ова го замислуваме по најниски можни цени..
Затоа после долгогодишно следење и анализирање на податоци собрани од разни истражувања, тимот на ArcHome, се потруди да ги задоволи сите критериуми поставени и од највисоките очекувања, па така :

 

1. Локација

Локација на домот е пресудена точка која влијае врз квалитетот на вашиот живот. Таа треба да биде внимателно и технички испланирана, за да може да ги задоволи и највисоките стандарди и очекувања. Последователно на тоа, ние се одлучивме за локација која е во непосредна близина на градскиот кеј, во близина на игралишта за деца и зелена површина за вашите миленици. Близина на градинки, основните и средните училишта, сопствен паркинг, заедно со супермаркет кој ќе се наоѓа во самиот станбен објект, со сигурност ќе го поедностават Вашиот живот.

2 .Материјали

Тимот на Archome, изборот на материјали го правеше извесно време на внимателен начин. Не сакајќи да избереме ниско квалитетни материјали кои ќе бидат и штетни за околината, се потрудивме да го избереме токму спротивното – врвни ЕКО материјали со децениски гаранции. Изборот на материјали директно го детерминира квалитетот на изолацијата, која пак директно влијае врз месечните трошоци кои Ви следуваат, кои со сигурност ќе бидат пониски заради самиот избор на материјали. Едноставен пример е изолацијата која ќе биде со стиропор од 12цм, кој во летните периоди ќе ја задржи свежината во Вашиот дом, а во зимските денови топлината долго ќе се задржи и покрај исклученото греење. Затоа изборот е важен!

 

ARCHome Куманово - Совршено место за Вашите деца

AUTHOR - ЛАУРА ЖИВИЌ