Продажбата на станови и деловни простории е во тек, закажи состанок и резервирај си на време.
На само 1 километар од центарот на градот, на самиот булевар 3-та Македонска Ударна Бригада, се раѓа една нова, модерна и урбана средина – иден дом за многу семејства – ArcHome.
Нашиот станбен комплекс се карактеризира со модерен дизајн и врвен квалитет на градба, опкружен со многу природа и чист воздух што го прави живеењето во ArcHome многу поубаво и практично.
Во комплексот се наоѓаат и деловни содржини, меѓу кои и супермаркет, ланџ бар и други кои ќе се од големо значење за сите што живеат во ArcHome.
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВИСТИНСКОТО МЕСТО ЗА ВАШИОТ НОВ ДОМ, ИЗБОРОТ Е ВАЖЕН!
Позицијата на станбено-деловниот објект ArcHome е совршена за домување и за деловни простории имајќи ја во предвид пристапноста до мноштво услуги и важни инфраструктурни позиции, истовремено нудејќи мир и комфор на живеење.
НА 1 КИЛОМЕТАР ОД ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ
ИЗОБИЛСТВО НА ПРИРОДА И ЗЕЛЕНИЛО
ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА ГРАДСКИОТ КЕЈ
ВО БЛИЗИНА НА ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И УЧИЛИШТА
ЛЕСЕН ПРИСТАП ДО СИТЕ ГЛАВНИ СООБРАЌАЈНИЦИ
Секогаш на ваше располагање!
Доколку сакате да дознаете повеќе за становите во ArcHome или имате дополнителни прашања, ќе ви одговориме со задоволство!